Учењето е процес кој трае
Наставниот предмет |
ДЕФИНИЦИЈА НА СИСТЕМ
Зборот систем е од грчко потекло и означува целина составена од делови,
односно збир од елементи помеѓу кои постојат одредени релации и законитости на
взаемно однесување. Во општа смисла, под поимот систем се подразбира поредок и ред
спротивно од хаос и неред, па затоа поимот систем може да се анализира од различни
аспекти, како: општествен систем, политички систем, деловен систем, производен
систем, периодичен систем на елементи, броен систем, децимален систем итн.
Во литературата постојат бројни дефиниции за поимот систем поставени од
различни автори, а дел од нив се дадени во продолжение:
Систем е збир на голем број активни единици (елементи, компоненти, фактори и
сл.), кои можат да бидат физички или апстрактни, природни или вештачки;
Систем е збир на елементи во меѓусебно дејство, на кои можат да се применат
одредени системски закони (Bertalanffy);
Систем е збир од објекти заедно со односите меѓу објектите и нивните атрибути
(атрибути се особини на објектите) (A.D. Hall i R.E. Fagen);
Систем е збир од елементи, релации меѓу нив и нивни карактеристики
интегрирани во целина за остварување на одредена цел, односно промени на
состојбата на системот (Д. Зеленовиќ).
Според бројните дефиниции за системот, а во зависност од условите во кои се
набљудува системот, може да се изведе следнава класификација на парцијални
дефиниции на системот:
Теоретска дефиниција - Систем е збир од меѓусебно поврзани активни единици,
Структурна дефиниција - Систем е збир од меѓусебно поврзани единици ко се
наоѓаат во одредено опкружување,
Функционална дефиниција - Во системот се врши трансформација на "влезот",
кој се добива од опкружувањето во "излез", кој му се предава на опкружувањето
(графички приказ даден на сл. 1.1),
Динамичка дефиниција - Системот содржи низа процедурални логички
активности кои ја извршуваат поставената функција на системот.
Во рамките на теориите за системот, усвоена е конвенција за неговиот графички
модел, прикажан на сликата 1.1. Графичкиот модел базира на функционалната
дефиниција, според која во системот се врши трансформација на "влез" кој се добива од
опкружувањето во "излез" кој се предава на опкружувањето. Притоа се реализираат три
основни функции на системот:
процес
управување и
контрола на состојбата.
Слика 1.1. Графички модел на системот (F – функција на целта на системот, К –
карактеристика на системот, Т – оператор на трансформацијата, D – состојба на
системот)
ОСНОВНИ ГОЛЕМИНИ НА СИСТЕМОТ
Во согласност со дефиницијата и моделот на системот, во системот се врши
трансформација на влезните големини, во излезни големини. За да може овој процес да
се опишува и проучува, треба да се дефинираат следните големини на системот:
ФУНКЦИЈА НА ЦЕЛТА НА СИСТЕМОТ - ги одредува целите поради кои
постои системот и кои во одреден временски момент системот треба да ги
постигне.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СИСТЕМОТ - се оние особини и елементи на
системот со чија помош тој се идентификува, се разликува и се споредува со
други системи од иста класа. Тоа значи дека карактеристиките, истовремено
се показатели на квалитетот на системот.
ВЛЕЗНИ ГОЛЕМИНИ (ВЛЕЗОВИ - V) - се независно променливи големини
кои одредени елементи на системот или системот ги прима на влезот со цел
за обезбедување на процес на работа на системот. Можат да бидат во облик
на материјални, енергетски или информативни големини.
ИЗЛЕЗНИ ГОЛЕМИНИ (ИЗЛЕЗИ - I) - го претставуваат резултатот на
работата односно трансформациите во системот, па како и влезовите, можат
да бидaт од материјален, енергетски и информациски карактер.
ОПЕРАТОР НА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СИСТЕМОТ (Т) - претставува
правило по кое влезот во системот се претвора во излез. Операторот на
трансформација, по правило, се претставува со соодветна математичко -
логичка релација:
T(V) = I или T : V I (1.1)
Кај сложените системи операторот на трансформација претставува збир од
постапки со кои влезот се претвора во излез. Кај производните системи, операторот на
трансформација се дефинира со проектирање на технолошкиот и производниот процес.
СОСТОЈБА НА СИСТЕМОТ - е способност на системот да изврши или не
изврши некои процеси, односно да ги реализира целите на системот
дефинирани со функцијата на целта.
ОКОЛИНА НА СИСТЕМОТ - претставува збир на објекти и нивни
карактеристики чии промени влијаат на системот и кои, исто така се
менуваат под влијание на однесувањето на системот.
Сите активности на системот можат да се групираат на основа на математичко -
логичката релација (1.1) на:
систем на анализа - потребно е да се објасни содржината T, V и I,
систем на операција - дадено е Т и V, а треба да се одреди I,
систем на инверзија - дадено е T и I, а треба да се одреди V,
систем на синтеза - дадено е V и I, а треба да се одреди Т,
систем на оптимизација - треба да се изрази V, I или T, така што според
поставените критериуми ќе се изврши оптимизација
ОСНОВНИ ФУНКЦИИ НА СИСТЕМОТ
Системот може да се претстави со три основни функции: процес, управување и
контрола. Процесот претставува збир на активности кои влезот го трансформираат во
излез. Управувањето се однесува на насочено водење на сигналите потребни за
изведување на процесот. Контрола на состојбата се однесува на контрола и
идентификација на сите сигнали и извршни органи на системот.
Во трансформациониот процес се врши трансформација на влезот кој се состои
од информација, енергија и/или материјал во излез кој исто така се состои од
информација, енергија и/или материјал.
Информацијата претставува податок кој го поврзува процесот со неговото
извршување во системот. Генерално информациите ги опфаќаат податоците за
средствата, управувањето, материјалите, комуникациите, одредени пресметки со влезни
и излезни параметри и др.
Енергијата обезбедува способност на системот за извршување на предвидените
процеси и функции. Во еден систем, во тек на изведување на трансформациониот
процес се врши генерирање, конверзија, пренос и дистрибуција на енергија.
Материјалот е определен со физички својства и хемиски состав, како и со
подобност да се третира со предвидениот трансформационен процес. Карактеристиките
како формата на влезниот и излезниот материјал се дефинираат со одредени барања во
системот, кои преку информациите се пренесуваат низ процесот.
ПРОИЗВОДНИ СИСТЕМИ
Производниот систем опфаќа збир на технолошки системи и технички,
информатички и енергетски структури (како текови на материјали, информации и
енергија), кој обезбедува реализација на поставените цели постигнување на
предвидените резултати.
Работата на производниот систем опфаќа активности неопходни за промена на
влезните Xi ( t ) во излезни величини Yj ( t ), притоа создавајќи нови вредности односно
излезни резултати со додадена вредност.
Слика 1.2. Основен модел на производниот систем
ТЕХНОЛОШКИ СИСТЕМИ
Технолошкиот систем е основен дел на производниот систем кој овозможува
претворање на влезните во излезни величини со потребен облик и карактер.
Технолошкиот систем опфаќа: обработувачки системи, монтажни системи,
системи за управување со материјалите, управување со залихите, управување со
квалитетот, управување со алати и прибори, управување со одржувањето, складишни
системи и управувачки системи.
Нема коментара:
Постави коментар